Овие денови кога тутунарите мака мачат за реално да го наплатат својот труд, вистинско време е да се потсетиме што се’ им беше ветувано од актуелната локална и централна власт во предизборието.
Сегашниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски пред локалните избори во 2017 година, за тутунарите вети укинување на четвртата класа и откуп на тутунот во три класи.
Тој вети дека достоинството на земјоделците ќе биде негов приоритет.
Во продолжение погледнете што се’ ветуваа Јованоски и СДСМ за земјоделците и жителите во руралните средини.