(Видео) Еве како се славеше пред куќата на Горан Пандев во Струмица

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување.

Предводени од капитенот Горан Пандев, „црвено-жолтите“ вчера во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.

По победата се славеше низ целата земја, а додека се чекаа фудбалерите да се вратат дома рано утрово, вчера пред куќата на Горан Пандев се случуваше вистинска навивачка атмосфера.

На социјалните мрежи се шират и видеа од атмосферата пред домот на капитенот каде се скандираше неговото име и презиме.

Видеото е објавено на Инстаграм профилот Дарко Влогс, уживајте.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.