Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е осуден на затвопцка казна од 2 години и 8 месеци, а својата пресуда ја дочека мирно.
Сепак, не беше целосно ладнокрвен, на кратка снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како цело време нежно ја гледа сопругата, а во еден момент успеа со прстите да формира срце. Цело време Навални со љубов ја гледаше Јулија во судницата и на моменти слегнуваше со рамената, како да знаеше која казна го чека.
Судот во Москва го осуди Навални на 2 години и 8 месеци затвор, првичната казна од три и пол години е намалена поради десетте месеци кои Навални ги мина под домашен притвор.
Навални беше уапсен на 17 јануари по враќањето од Германија каде закрепна по труење со нервен гас.
Alexey Navalny makes a heart gesture as his wife and supporters look on while a Russian court orders the opposition leader to more than two years in a prison camp. https://t.co/q55pftUboA pic.twitter.com/kb5Q7pGrpl
— ABC News (@ABC) February 2, 2021