ВИДЕО: Еве како да ја одмрзнете шофершајбната за само 60 секунди

Доколку некој најмногу ја мрази зимата и снегот, тоа се возачите, особено оние кои во раните утрински часови пред да одат на работа мораат да го одмрзнуваат ветробранското стакло и да го чистат од снег.

staklo-640x320

Доколку досега ја гребевте шофершајбната или ја полевавте со топла вода, не мора повеќе тоа да го правите. Постои поедноставен трик за да се ослободите од ледот, без да фрлате пари за скапи спрејови.

Сé што ви треба е кујнска сол, вода и стар пешкир, кој ќе го натопите во смесата и ќе постелете преку ветробранското стакло да стои преку ноќ.

Од друга страна, наутро можете само да помешате сол и вода и да ја ставите течноста во распрскувач, така нанесувајќи ја на стаклото. Но при користење на овие варијанти внимавајте бидејќи солта може да го надразни и металот на автомобилот.

Покорисна и попрепорачана варијанта е смеса од три капачиња оцет и едно капаче вода. Исто така се нанесува со распрскувач, превентивно, пред утрото.

Бонус: Земете прскалка во која ќе има 2/3 алкохол, 1/3 вода и една лажичка сјај за садови. Погледнете го видеото и научете како да го решите овој проблем во една минута.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.