(Интегрален текст од прес конференција на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ)
“Министерството за образование и наука и Педагошката служба и оваа година не направија напредок за навремена достава на учебниците
Учениците се снаоѓаат како умеат и знаат да дојдат до учебник а веќе е 25-ти септември од оваа учебна година.
Министерството изјавува „Постапката за избор на компанија која ќе ги испечати количините согласно барањата на училиштата „е во тек“ и заради „троми тендерски постапки“ задоцниле со целокупната постапка. Во превод тоа значи дека техничкото наддавање е завршено и се чека на избор на понудувач.
Почитувани,
Дали можеби тромоста на тендерската постапка како што велат во превод може да се најде во тежината на тендерот кој што тежи некаде околу 5 милиони евра односно 330 милиони денари од кои што 55 милиони денари за превод, а 270 милиони денари за техничкото изготвување на учебниците.
Дополнително, тоа “Мало задоцнување“, значи дека учебниците би ги добиле учебниците некаде на 20-ти јануари 2020 година, односно на почеток на второто полугодие на учебната 2019/2020 година.
Ова е секако доколку тендерот овој пат биде успешен поради тоа што истиот е неколку пати поништуван поради незадоволување на некои непишани критериуми.
Почитувани,
Министерот и МОН се должни да понесат одговорност за девастирањето на образованието.
Учениците и нашите деца не се предмет на тендерски игранки. Дополнително, девастацијата во образованието,како и негрижата за наставниот кадар и конечно негрижата за учениците, нашите деца се очигледно карактеристика на оваа власта која што цени дека треба да се уништи фундаментот и иднината на Република Македонија, тоа се нашите ученици, нашите деца”.