(Видео) Драматично во Истанбул, затворен Босфорот – товарен брод удри во крајбрежјето

Товарен брод удри денеска во крајбрежјето на Босфорот во Истанбул, поради што сообраќајот во тој дел бил запрен.

Станува збор за бродот „Сонг Иридум“ кој плови под знамето на Либерија, а инцидентот се случил додека се приближувал до крајбрежјето во Истанбул, пренесува Ројтерс.

Бродот, пренесуваат медиумите, испловил од реката Одеса во Украина и се насукал 25 минути после влегувањето во Босфроскиот мореуз.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.