(Видео) Драма во САД: Tpaмп одби да се ракува со неа, па додека тој имаше обраќање, Пелоси драматично го искина говорот

Обраќањето на американскиот претседател Доналд Tpaмп пред Претставничкиот дом на САД, на кое рече дека состојбата на нацијата е подобра од кога било досега, го засени инцидентот со спикерот на Домот, Ненси Пелоси.

Имено, ноќта пред Сенатот требаше да гласа за да го ослободи како дел од процесот на отповикување, Трамп поминал време со оние кои го отповикаа – Претставничкиот дом на Конгрес, од каде им се обрати на членовите на двата дома и на американскиот народ.

Пред својот говор, Пелоси откри дека не разговарала со Tpaмп уште од октомври, но кога и пристапи, таа му подаде рака да се поздрави а Tpaмп и подаде копија од говорот, пренесува Си-Ен-Ен.

Трамп или не го видел тоа, или не сакаше да прифати да се ракува со неа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.