Резервни делови, медицински протези, компоненти од ракети… Сето тоа денес може да се направи со 3Д принтер, а од неодамна се печатат и цели згради. На “неделата на архитектурата” во Милано, италијанскиот атхитект Масимилијано Локатели ја претстави куќата на иднината.
На “Пјаца Чезаре Бекарија” испечати објект со дневна соба, куња, купатило и спална соба, површина од 100 квадратни метри, и тоа за 48 часа. Цементот од кој е направена куќата за многу кратко време се зацврстува.
Локатели придава посебно значење на одржливоста, креативноста и исплатливоста, а главната цел е рециклирањето.