Објавен е долгоочекуваниот трејлер за анимираниот филм „Moana“ кој ја раскажува фантастичната приказна на една полинезиска принцеза, првата принцеза од Полинезија на Дизни, и нејзиното патување по Јужниот Пацифик.
За време на нејзиното патување таа се запознава со полубогот Мауи, чиј глас е на Двејн Џонсон, кој мора да направи многу повеќе од танцување и пеење за да ја импресионира принцезата.
Но, се чини нема проблем околу тоа, бидејќи Мауи има моќи со митски пропорции, „може да го запре сонцето, да извади острови од длабочините на океанот и да се бори со чудовишта“.
Нивното патешествие подразбира да пронајдат митски остров кој се наоѓа во Тихиот океан.
По „Frozen“, се очекува ова да биде новиот омилен цртан меѓу најмладите.