Две момчина, Ендру и Дерен, за време на викендов настапија во британското шоу “Јас имам талент”, а нивните неверојатни трикови го воодушевија жирито, но и гледачите ширум светот. Имено, овие момци се претставуваат себе си како “Читачи на мисли”.
Дерен најпрво од Аманда Холден побара да одбере некој од контактите во својот телефон, било кој, да ги запомни последни три броеви и во главата да си го спомне имете на личноста, по што Ендру точно ги напиша на лист бројките 415 и името Деби.
Момчињата потоа побараа од Сајмон на лист да го напише бројот на куќата која ја замислил во својата глава, на ѕидовите на таа куќа да им одреди боја, како и календар со лицето на некоја славна личност.
Секако и тоа го погодија.
Погледнете и уверете се:
Ф.Г.