ВИДЕО: Деца влетаа во кадар, додека таткото во живо се јавуваше за Би-Би-Си

Би-Би-Си радио објави симпатично видео, во кое политичкиот аналитичар Роберт кели се јавуваше во живо за Би-Би-Си од својата домашна канцеларија, кога влезе и неговата четиригодишна ќерка.

intervju

Таа танцувајќи влезе во собата и застана зад грбот на таткото, а водителот досетливо забележа дека и неа ја интересира темата за која разговараат.

Само неколку секунди подоцна, додека таткото се обидуваше да ја помести својата ќерка, во собата во проодувалка влезе и бебе, а веднаш по него и една жена, за која не се знае дали е сопругата или дадилката, и ги изнесе децата од собата.

Видеото наскоро стана вирално, но голем број корисници му забележаа на таткото што се обидел да го оттурне девојчето, наместо да го седне во крило. „вака, само изгледаше арогантно и безчувствително“, е еден од коментарите.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.