Петгодишното дете од Босна и Херцеговина, чие тело привлекува метални предмети, потполно е здраво велат лекарите.
Ерман Делиќ детето од Малешица е вистински човечки магнет, иако лекарите тврдат дека е целосно здрав, пишува британски “Mirror”.
Неговото семејство објави снимка на која за телото на детето се лепат монети, прибор за јадење и други предмети и тоа без лепило или било какви други помошни средства.
Ерман својот чуден талент го открил додека гледал ТВ, а родителите веднаш го однеле на лекар за да проверат дали е се во ред со него. Лекарите не знаеле да ја објаснат неговата необична состојба, ниту ги откриле причините за неа.
Ф.Г.