Патнички авион морал да сврти од курсот на летање и практично да побегне од огромна песочна бура која го зафати австралискиот град Милдури.
Ерика Ветсон успеала да сними како авионот оди право кон песочниот ѕид, додека пилотот не го свртел авионот и се вратил кон Мелбурн.
Огромниот облак денот го претвори во ноќ.
„Можев да видам како небото менува боја, а дуваше и силен ветер. Тоа беше најсилната бypa во последните 40 години“ рекла една жителка.
Ваква појава обично се случува во многу cyшни делови од земјата, најчесто во лето. Ова беше сув почеток на годината, рекол друг жител на градот.