(ВИДЕО) ДЕНОТ КОЈ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ! Теориите на заговор за 11 септември сеуште ја тресат планетата

Соединетите Америксански Држави денес одбележуваат 17 години од терористичкиот напад во кој животот го загубија 3.000 лица.

Станува збор за најсмртоносниот напад на американско тло, кога се киндапирани два авиони и беа насочени во Светскиот трговски центар на Менхетен, третиот авион удри во Пентагон, а четвртиот се сруши во рурален дел на Пенсилванија.

17 години покасно и понатаму постои теорија за тоа кој стои позади нападот на 11 септември 2001 година. Официјално, позади нападот стои Ал Каеда, чии преживеани припадници тогаш беа елиминирани. Сепак, на светот му се поинтересни теориите на заговор.

По нападот, Белата куќа на чело со Џорџ Буш му објави војна на тероризмот во светот, што без сомнение суштински ги одреди тенденциите во меѓународните односи во првата деценија на 21 век.

Се очекува илјадници луѓе, меѓу кои и членови на семејствата на жртвите, преживеани и дел од спасувачите, ќе се соберат на годишната церемонија на местото каде беа кулите “близначки”. Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс ќе ги посетат и другите места каде се срушија авиони на 11 септември 2001 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.