Деликвенти доцна вечерва ги демолираа справите за вежбање на новото игралиште во населбата “Точила” во Прилеп. Кршат и фрлаат без око да им трепне, како татко им да го купил тоа што треба сите млади да го користат…
Извинете родители, но ова не се деца, ова е “СТОКА”, ова се ИМБЕЦИЛИ кои не научиле ништо во школо, а богами ништо и дома…
Жално и срамно е ова што ни се случува цели 35 години откако имаме независна држава. Пари се трошат, се прават убави работи, НО ЗА КОГО?!
Видеото кое го добивме од наши читатели ќе биде испратено и до МВР, па се надеваме дека сторителите овојпат ќе бидат откриени и санкционирани.
























