ВИДЕО: Дебар под пoлициcka oпcaдa, ЕБР, Тигрите и екипи на антитepopизам на терен

Оваа вежба денес е еден од начините како да ја обновиме, односно зајакнеме врската меѓу граѓаните и македонската полиција на ниво на партнерство на соработка се со цел да имаме и побезбеден град и побезбедна држава, меѓутоа и побезбеден регион “.

Ова, меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во својата денешна изјава по завршувањето на тактичко -показната вежба на припадниците на македонската полиција што се одржа во Дебар

“Оваа вежба ја направивме како дел од активностите во рамки на активностите по повод 7-ми мај на Денот на полицијата, и токму затоа сакавме да биде овде во Дебар, да се претставиме пред граѓаните потикнувајќи ги сите заедно да соработуваме, но и да ги поттикнеме сите младите луѓе кои што сакаат да бидат дел од македонската полиција од овој регион“, нагласи Спасовски.

Заблагодарувајќи се на градоначалникот на општина Дебар, на медиумите, на граѓаните за масовната посета на настанот, како и на учесниците во вежбата, министерот Спасовски потенцираше дека – “сите заедно покажавме пред целата македонска јавност за капацитетот, подготвеноста, за ентузијазмот на македонските полицијци и на тој начин упативме силна порака дека македонската полиција е чувар на стабилноста и безбедноста подготвена во секој поглед даги заштити и граѓаните и Македонија“.

Инаку на вежбата на која што граѓаните покрај другото имаа можност да видат и дел од техничките потенцијали на полицијата, учествуваа припадници на Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, потоа припадници од Единицата за службени кучиња, од Одделот за воздухопловни единици при МВР, како и припадници на Единицата за мотоексортно обезбедување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.