Рускиот претседател Владимир Путин го одведе својот кинески колега Си Џипинг на палачинки, што е доказ за добрите лични односи меѓу двајцата лидери.
Путин и Си јадеа палачинки со кавијар и наздравија со вотка на економскиот форум во Владивосток.
Москва и Пекинг развиваат стратешко партнерство кое го одржува нивното заедничко спротиставување на “униполарниот” свето, што е термин кој ја означува глобалната доминација на САД.
Тие двајца се сретнаа околу 30 пати, а Путин во една прилика изјави дека кинескиот претседател е единствениот светски лидер кој бил повикан на неговиот роденден.