Дадилка од американската сојзна држава Кентаки е обвинета за злоставување 4-годишно момче откако скриената камера снимила како безчувствителната жена се изживува врз болното дете.
Тифани Филдс, мајката на малиот Лук, ја поставила камерата откако приметила дека момчето чудно се однесува.
На вознамирувачката снимка се гледа како Лилиан Д. Вајт за наго го влече момчето, кое има Даунов синдром, срцеви проблеми и епилепсија.
Малку подоцна, седнала на главата на детео додека му облекувала панталони.
– Ти мало го…, вака ќе го направиме тоа, по мое, се слуша како му зборува изнарвираната дадилка на детето.
– Нема да ме удриш бидејќи седам на тебе, додала таа.
Вајт, која од летото го чува момчето, е уапсена за злоставување на детето. Пред судот изјавила дека не чувствува вина. Не сакала да дава никакви други изјави.