Околу петнаесетина грчки навивачи кои редовно се појавуваат на натпреварите на неколку грчки тенисери на “Австралија Опен”, вчера беа избркани од тениската арена за непримерно однесување и навреда кон другите тенисери.
Овие навивачи редовно се појавуваат со знамиња со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш, со слики на Александар Македонски, а во текот на натпреварите скандираат националистички пароли како Македонија е грчка, ред други пароли.
Откако тениската арена од спортски натпревар се претвори во примитивна политичка и националистичка платформа, менаџментот на “Австралија Опен” реши ги отстрани од арената.
На ова реагираа навивачите која го обвини менаџментот за расизам и се закани со тужби против “Австралија Опен”, пишуваат австралиските медиуми.
Навивачите беа непристојни и кон опонентите на тенисерот Циципас и тенисерката Скарафа. Циципас се огради, а тенисерката рече дека не и сметаат и дека Грците се чувствителни околу македонското прашање, пишува Хералд Сан.
A group of raucous Greek supporters have been ejected from the Australian Open before accusing officials of a “racist approach”.
FULL STORY: https://t.co/Oz0KszefWb pic.twitter.com/BDwAhatey5
— Herald Sun Sport (@heraldsunsport) January 22, 2020