(Видео) Градот на духови отворен по 46 години: Туристите ги разгледуваат напуштените куќи

За прв пат по 46 години на јавноста и беше овозможен влез во севернокипарскиот град Вароша, некогаш популарната туристичка дестинација која е напуштена од времето на турската вoeна инвазија на островот.

Стотици луѓе се шетаа по напуштените улици и прекрасните плажи во Вароша или Мараса (турскиот назив). Градот во многу делови е обележан со полициска трака, за пешаците да се оддалечат од куќите кои не се безбедни.

Жителите на Вароша го напуштиле градот за време на турската инвазија во 1974 година. Тогаш ова подрачје било ставено под турската вoeна контрола, а влезот бил дозволен исклучиво за севернокипарската вojcка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.