(Видео) Градоначалникот на Кривогаштани не доби доверба за Буџетот – Ќе си даде ли оставка?

Градоначалникот од редовите на СДСМ, Рубин Шефтероски, денеска информираше дека не добил поддршка од мнозинството советници во Советот на општината за буџетот за 2020 година.

Неговото обраќање проследете го во продолжение:

Инаку од неодамна мнозинството во Советот на општината го предводи ВМРО-ДПМНЕ, а за претседател на Советот е избран независниот советник Пеце Ликоски од населеното место Воѓани.

“Ваквиот развој на настаните се случува во време кога дел од советниците на СДСМ во советот имаат сериозни несогласувања со нивниот сопартиец градоначалникот Рубинчо Шефтероски, поради што веќе извесен период единството на советничкото мнозинство предводено од СДСМ беше доведено во прашање”, истакнаа кон средината на минатиот месец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кривогаштани.

Засега останува нејасно како Шефтероски ќе продолжи да раководи со општината и дали можеби ќе си поднесе оставка од функцијата градоначалник?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.