Повикани да му помогнат на возач кој останал заглавен во снегот, пожарникарите се изненадиле кога всушност на местото го нашле Дедо Мраз.
-Со години спасувам луѓе во неволји, но никогаш досега не сум го спасил Дедо Мраз, вели низ шега Џозеф Мекри шеф на противпожарната служба во Лоун Пик, во американската држава Јута.
Настанот се случил на 25 декември, на Божиќ по грегоријанскиот календар. Пожарникарската служба добила повик од човек кој останал блокиран во снегот откако моторот на автомобилот се запалил. На лице место дознале дека всушност станува збор за Дедо Мраз односно на 66 годишниот Стивен Мејси кој секој Божиќ како Дедо Мраз им дели подароци на сиромашните во овој реон.
Со оглед на тоа дека неговиот автомобил бил неупотреблив, пожарникарите се понудиле да го однесат Дедо Мраз со нивното возило за да може да ги подели подароците.