Рускиот претседател Владимир Путин беше во посета на Австрија, а за австриската телевизија имаше и интервју. Во еден момент го демонстрираше и своето познавање на германскиот јазик.
Новинарот му постави неколку прашања поврзани со ситуацијата во Европа и ЕУ, настаните околу двете Кореи, Крим, па дури и констатираше дека е “цар”, бидејќи предолго е на власт.
Тоа што ги воодушеви сите кои го гледаа ова интервју е фактот што Путин го замоли новинарот да не го прекинува, и тоа на германски јазик.
-Ако бидите трпеливи и ме пуштите да завршам, ќе го дознаете мојот став за тоа прашање. Само момент Ве молам, не брзајте. Оставете ме да зборувам – рече Путин.