-Подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од ЕЛС Долнени и тоа Лажани, Дебреште и Житоше.
Нај критично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите. За состојбата со поплавите запознаен е и Градоначалникот на опш. Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент ЕЛС немаат побарано помош од ЦУК.
Заради поплавувањето на подрумските куќи се верши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори а ангажирани биле 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило. Поголем дел од општина Долнени се без електрична енергија но не поради дефект туку превентивно, е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата.
Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани. – информираат од Центарот за управување со кризи утрово.