Во светот се прошири веста за лошата состојба на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, што ја отвори и темата за негова замена.
Шпекулациите за потенцијален наследник веќе започнаа. Бидејќи децата на Ким се премлади, а ниту еден преживеан член од владеачката династија нема “чист” пат до водечката позиција во државата, листата се сведе на 4 личности.
Сестрата на Ким Јон многу веројатно ќе го замени братот доколку нешто тргне на зло. Таа на почетокот од овој месец беше именувана како заменик во Работничката партија. Со ова стана единствената личност, освен нејзиниот брат, која има моќ во режимот.
Машки наследник би ја претставувал најконвенционалната опција во Северна Кореја. Јужнокорејските разузнавачи велат дека во 2009 година Ким Јонг Ун се оженил со поранешната пејачка Ри Сол-ју, а се смета дека имаат три деца. Меѓутоа, ниту едно од овие три деца не е спомнато во медиумите.