Зоран Заев продолжува со практиката на трговија со највисоките национални и државни интереси и овој пат одлучи шверцepски да изготви закон за попис на кој што по испробан рецепт му стави европско знаменце, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Како што истакна тој, со европското знаменце премиерот ги скратува дискусиите и ја трга можноста за вистинска аргументација во Собранието.
Вакво брзање покажува тенденција за носење закон изработен вон стандардите на Евростат и на релевантни меѓународни организации што се однесуваат до пописот. Заев сега се обидува во брза собраниска процедура да протне законски текст за спроведување на попис, без претходна консултација и без вистинска јавна дебата на која ќе бидат пренесени и ставовите на опозицијата и на граѓаните“, посочи партискиот портпарол.
Стоилковски нагласи дека предлог-законот за попис во петокот бил испратен од предлагачот – Министерството за пpaвда до Собранието, а веќе за понеделник наутро е ставен на расправа на Комисијата за европски прашања, каде што е поднесен со европско знаменце.
Ваквото брзање во процедурите за носење на ваков текст, без да се остави доволно време за дискусија, остава место за comмнеж за содржината и за вистинските намери на Зоран Заев“, кажа портпаролот на опозициската партија.
Тој порача дека доколку власта се одлучи да продолжи со таков начин на носење на законското решение, се отвора можност ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од граѓаните да не учествуваат во попишувањето.