Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
(Во продолжение интегрален текст и видео од одржаната прес конференција)
“Наместо конкретен одговор, на прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп оддржана пред околу еден месец кога градоначалникот Јованоски јасно го прашавме зошто и по кои критериуми поставува луѓе на одрдени позиции кои не ги исполнуваат условите за да се на конкретното работно место, наместо одговор, добивме само празно соопштение со веќе видена реторика, која СДС ја практикуваше од улога на опозиција во минатото.
Денес Прашуваме, дали директорот на ЈКП Комуналец, Ѕвонко Јованоски, ги исполнува посебните услови, за да биде директор на ова јавно комунално претпријатие?
Дали истиот има високо образование (240 кредити) и дали го има потребното работно искуство за да биде на чело на ова претпријатие? Нашите информации говорат оти овој човек нe исполнува услови да биде директор?
Дали и во овој случај градоначалникот Јованоски го прекрши законот и несоодветен кадар стави на чело на ЈП Комуналец?
Прашуваме, дали е вистина оти Ѕвонко Јованоски е поставен за директор со образование од 180 кредити? Дали свесно ги прекршиле законите и двајцата, па сега затоа Ѕвонко Јованоски е студент на еден од приватните факултети во Битола?
Во досегашното владеење на СДС се покажа дека освен непотизам и угодување на најблиските нивни симпатизери, активисти и членови, нема што друго да им понуди на прилепчани.
Воедно го повикуваме ОЈО, по допрен глас, да ги истражи овие прашања и доколку утврди непочитување на законите и можна злоупотреба при направениот избор, да следува одговорност, како за градоначалникот Јованоски, така и за директорот кој е на оваа функција”, посочија од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.