Старото заразно одделение на прилепската болница “Борка Талески” е црна точка во Прилеп.
Местото е збиралиште на зависници, а околината наликува на змиско гнездо.
Проблемот е подолгорочен, но се чини сега состојбата е најалармантна.
Објектот се наоѓа на само неколку метри од болницата, а голем број луѓе секојдневно поминуваат покрај него.
Прилепчани речиси секој ден апелираат преку социјалните мрежи надлежните да го решат овој проблем и ова грдо место да се среди.