Градче на северот од Италија, во срцето на Ломбардија, на само 45 километри оддалеченост од Милано, со 1.200 жители, нема ниту еден заразен од коронавирус.
Жителите на Ферера Ербоњоне тврдат дека ги презеле сите превентивни мерки од првиот ден и денес се горди што немаат ниту еден заразен од вирусот.
Градоначалникот Џовани Фасина ги известил сите семејство дека до 2 април ќе можат да закажат за крвни анализи во лабораторијата во соседниот град Саназаро де Бургинди (Павиа), за детално да ја проучат причината за овој феномен.