Македонија триумфираше на првиот натпревар од Европското првенство против Украина со 26:25.
Во драматичен финиш, натпреварот во ппследна секунда го реши капитенот Кире Лазаров за први бодови во групата Б.
Митревски на голот имаше 15 одбрани, а одлични беа и Стоилов, Талески, Кузамановски, Манасков и Георгиевски.
Австрискиот официјален коментатор на крајот од натпреварот рече: “Ви честитам Македонија” и ја пофали македонската Фаланга која броеше над 3.000 во арената во Виена.