Поради виpycoт “застана” светската економија. Стотици огромни танкери пловат по светските мориња и ги затвораат големите светски пристаништа.
Танкерите се преполни со нафта за која сеуште нема купувачи.
Членките на ОПЕК на почетокот од април постигнаа договор за намалување на дневното производство на нафта. Тие ќе продолжат да ги произведуваат минималните 15 милиони барели. Овој април, независно од оваа одлука, падна побарувачката на нафта во светот за речиси 29 милиони барели.
The #USCG is closely monitoring the increased presence of tanker vessels anchored off the coast of Southern California. pic.twitter.com/i6HuX6wxgn
— USCG Los Angeles (@USCGLosAngeles) April 24, 2020
Се создаде огромен вишок на нафта, поради што многу нафтени резервоари ширум светот беа наполнети до крај. Во такви услови производителите и преработувачите на нафта започнаа да користат танкери како поморски резервоар за вишокот на нафта.