“Ербас А320” авион на компанијата “Ер Канада” минатата година поради грешка ќе слеташе на пистата на аеродромот во Сан Франциско. Сега е објавено и видео на кое се гледа колку малку недостигало да се случи страшна несреќа.
Си-Ен-Ен пренесува дека авионот за малку ќе се судрел со другите авиони кои во тој момент чекале на пистата, а несреќата е избегната откако од контролниот центар побарале пилотите да се откажат од слетување.
Одборот за сигурност на националниот сообраќај (НТСБ) објави видео на кое може да се види овој инцидент. Истрагата за овој инцидент сеуште трае, а некои експерти тврдат дека оваа несреќа би била најголема во истроријата.
Авионот на летот 759 требало да слета на пистата 28Л, меѓутоа по грешка се порамнил со пистата Ц на која во тој момент имало четири други авиони.