ВИДЕО: “Вагони ѓубре од Неготино до Љубљана за тиквешијата годишно?”

Неготино веќе цела недела, откако во јавност беше соопштено дека во близина на Криволак ќе се изведува проект – депонија за индустриски инертен отпад, е кренато на нозе. Граѓаните јавно му порачаа на градоначалникот Тони Делков дека нема да дозволат да се прави депонија во нивната околина, а од страна на здружението на граѓани ,,Ековита” е доставено писмено барање за покренување на иницијатива за одржување референдум за стопирање на постапката за изградба на депонија за инертен отпад.

Реакции пристигнуваат од сите страни, а деновиве во Собранието реагираше и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Неготино, Павлинче Честојнова.

Жестока дискусија денеска имаше и во Советот на Општината:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.