Фејсбук статус на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ:
“Во образованието и училиштата низ Македонија важи сѐ само законот не! Зошто постојат законите ако никој не ги почитува?
Член 10, став 3 од ЗНСС донесен на 5.8.2019 година гласи ,,Кога на јавен оглас ќе се јават повеќе кандидати, предност имаат наставниците, кои имаат повисок степен на соодветно високо образование и повисок успех во текот на додипломските студии.“
Зошто повеќето од Директорите во училиштата во општина Прилеп го занемариле целосно овој член и донеле одлуки спротивни на него?
ДПИ и инспekторите да одговорат дали во закон постои воопшто терминот „минорна разлика“? Зошто постои овој член во Законот ако разликата во просекот не прави разлика?
Исто така виш инспekтор во друго училиште има донесено Решение со мерка за постапување – поништување на јавен оглас за избор на наставници на определено работно време, а Директорот на училиштето сѐ уште го нема поништено огласот, иако рокот за контролен увид е завршен и казни нема.
Дали обврската на вишиот инспekтор тука завршува или има законска должност да ја спроведе правдата до крај? Друг инспekтор пак во вонредниот увид во две други училишта во Прилеп носи одлука дека има прekpшувања на член 10 став 3 од ЗНСС во Одлуката од Директорот, а потоа без никакво образложување, без никаков законски основ ја поништува сопствената одлука. Зошто преку ноќ менува решенија, а не чувствува должност истите да ги објасни?
Зошто молчат Градоначалникот на општина Прилеп, неговите Советници за образование? Дали молкум го одобруваат ваквото самоволие на Директорите? Дали чувствуваат должност или можеби вина за незakoнското работење на раководителите?
Надлежните органи да покренат испитување на законитоста на работењето на Директорите, како и Министерот за образование и наука, како највисок орган над сите гореспоменати институции.
Министерот да одговори ако Законот во 2017 година не давал никаква предност во конкурсите, притоа Колективниот договор за образование не го ни сметал за важечки, а овој Закон сега овозможува исправање на тогашната неправда и самиот тој има дадено толкување, но и го потпишал истиот Колективен договор сега како важечки, а Директорите тоа не го почитуваат, што ќе преземе?