Британскиот боксер Ентони Џошуа стана светски шампион во тешка категорија и носител на титулите WBA, IBF и IBO, но по се изгледа дека ќе мора да се откаже од појасот на светски првак.
Британецот ќе остане без еден од трите појаси кој го освои со победата против Владимир Кличко.
Имено, во договорот постои клаузула за реванж, за која двајцата боксери покажале голема заинтересираност.
Доколку дојде до реванж, тоа автоматски значи дека Џошуа ќе остане без една од трите шампионски титули, бидејќи има обврска да ја брани IBF титулата против предизвикувачот Кубарт Пулвел.
Ф.Г.