Необичен инцидент го одбележа пристигнувањето на францускиот претседател Емануел Макрон во главниот град на Виетнам, Ханој. На видеото снимено од агенцијата „Асошиејтед Прес“, може да се види како првата дама на Франција, Брижит Макрон, при излегување од претседателскиот авион, одеднаш го турнала лицето на својот сопруг со дланката.
Моментот брзо стана вирален на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина коментари и шпекулации.
Инцидентот се случил додека претседателскиот пар се подготвувал да се симне по скалите на авионот на аеродромот во Ханој. Видеото покажува како Макрон, изненаден од гестот на неговата сопруга, застанува за момент, но набрзо продолжува да мавта кон толпата и се симнува со насмевка.
Се шпекулира дали станува збор за вистински удар или дури и за шега меѓу сопружниците.
Британските таблоиди го нарекоа инцидентот „јавна шлаканица“ и „брачна грешка“. Додека медиумите во Франција како што се „Ле Монд“ и „Либерасион“ останаа резервирани, а бурата на социјалните мрежи не стивнува.
🚨 Breaking
French President #Macron's wife slaps him in face
pic.twitter.com/Ye9BGDqg84— Backchod Indian (@IndianBackchod) May 26, 2025
Елисејската палата првично објави дека снимката е генерирана од вештачка интелигенција, но подоцна потврди дека снимката е автентична.
Видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи и најчесто се најде на профили познати по тоа што се спротивставуваат на Макрон, вклучително и проруски канали.