Вчера низ медиумите се појави видео во кое на квалификацискиот натпревар за Светското првеснство, босанските и грчките навивачи меѓусебно се провоцираат.
Босанците на најдобар начин одговорија на палењето на босанското знаме од страна на грчките навивачи.
Погодија каде што најмногу боли . “Македонија, Македонија” се извикуваше среде Атина.
Натпреварот заврши со резултат 1:1, но во прв план не беше битката на теренот туку “препукувањата” на навивачите или барем тоа беше најинтересно за јавноста.
Ф.Г.