(Видео) Бeнзинoт е бaдиjaла, oдличнo ja вoдимe дpжaвaвa, ги глeдaтe peзyлтатите?

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

“Последното намалување на цената на горивата директно ги демантираше изнесените лаги на ВМРО-ДПМНЕ дека со временото зголемување на акцизата ќе се соочиме со ценовни шокови и инфалција.

Тоа не се случува и нема да се случи, напротив цената на горивата паѓа согласно падот на нафтата на светските берзи.

Ако се земе предвид цената на дизелот, ова гориво, денес во 2020 година, е со најниска цена во последните 10 години.

Денес, цената за литар дизел изнесува 42,5 денари. Минатата година изнесувала 62.5 денари за литар, во 2018 60 денари, во 2012 таа била дури 72,5 денари, а пред точно десет години, во 2010 еден литар чинел 58,5 денари”, истакна на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.