(Видео) Африка се дели на два дела- се создава нов океан: Земјата доживува најголема промена во последните илјадници години

Научниците претпоставуваат дека вакво нешто можно е да се случи за околу 5 до 10 милиони години.

Според мислењето на многу од научниците, можно е на планетата Земја да се формира нов океан.

Се очекува како последица на поместувањето на тектонските плочи во источна Африка, прво да дојде до формирање на огромен процеп кој што како краен резултат ќе има поделба на тој континент на два дела.

Научниците претпоставуваат дека такво нешто може да се случи за околу 5 до 10 милиони години, а локацијата на формирањето на новиот океан треба да биде некаде во регионот на Афар во Етиопија, каде што се допираат три тектонски плочи кои што полека се одвојуваат една од друга.

Пред 15 години, во истиот тој регион се формираше пукнатина долга 56 километри, потсетуваат експертите.

Научниците сметаат дека оваа појава е последица на поголемиот притисок. Научниците моментално го следат движењето на тектонските плочи со помош на GPS систем.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.