Обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија Пелагонискиот регион предизвикаа поплавувања во атарот на повеќе населени места, а најмногу се чини во атарот на село Канатларци.
Од ВИДЕОТО кое го објави Славчо Попоски, се гледаат големи земјоделски површини под вода, а отежнато се одвивал и сообраќајот на патниот правец кон ова прилепско населено место.
Според најавите од УХМР врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта и во текот на утрешниот ден, а од недела следува и пад на температурите.
























