(Видео) Антологиска сцена од Загреб: “Генијалецот” по 20 години ја открива вистината за провокациjaта

Поминаа точно 21 година од легендарното интервју во центарот на Загреб на легендарниот југословенски фудбалер Дејан Дејо Савичевиќ.

Октомври 1999 година, последно коло на квалификациите за пласман на ЕУРО 2000, утакмица која одлучува – Хрватска на “Максимир” ја дочекува Југославија. Утакмицата која за целиот простор беше многу повеќе од обичен спортски настан.

Еден ден пред натпреварот беше јасно дека “сините” во Загреб ќе начекаат пекол и дека еуфоричните и непријателски расположените навивачи ќе направат се за да ги заплашат и да ги спречат да ја остварат целта.

Меѓутоа, популарниот Дејо сред Загреб им даде до знаење дека никој не може да се шегува на негова сметка. На тој 8 октомври “Генијалецот” пред хотелот во Загреб имаше интервју и говореше за тензиите кои ќе следат.

“Немам појдено во Загреб околу 8, 9 години, кога се случи она чудо и таа вojна… Немам некое специјално чувство, обезбедувањето е како што треба, нема страв. Тоа што мислат дека ние сме виновни, ние го имаме истото мислење за нив… Тоа воопшто не ме интересира и не ме тангира”, рече Дејо, а потоа следуваше прашањето на новинарот “кој се тоа тие?”.

“Па тие… Зборуваме за Хрватите, не зборуваме за Македонците! Според тоа нема што да повторувам…”, одговори Дејо.

Во тој момент од улицата еден хрватски навивач започна да го навредува, а “генијалецот” не му остана должен. Две децении по инцидентот тој ја опиша целата ситуација.

“Јас давам изјава, сам останав таму да зборува, а слушнав како некој ми дофрла и ме навредува. Во еден момент, кога главата ми беше полна со пцовки, а тоа беше во време додека давам изјава, се завртив, и гледам човек од метар и шеесет. Сега се сеќавам, имаше дрес, црна јакна и некои тренерки. Немаше два заби. И јас му го реков тоа што го реков, но што можев”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.