Владислав и Миа Милановиќ се млад пар кој живее во Америка, од каде снимаат различни видеа од секојдневниот живот. Меѓу нив се најразлични предизвици кои се полн погодок на YouTube.
Владислав, кој е Србин и Миа, која е Американка, се веќе извесно време во брак, а нивните животи и видеа ги следат повеќе од милион луѓе.
Нивното најпопуларно видео е она во кое Миа пробува традиционални српски јадења, оценувајќи го вкусот на секој гастрономски специјалитет. Ќебапи, плескавици, ајвар, јафа колач, гибаница, кисела вода, но и неизбежната ракија.