Германскиот репрезентативец се потсети на времето кога управата на клубот од Џенова го отпушти Делио Роси и наместо него доведе друг тренер.
Што ќе почувствува фудбалер Албанец кога за тренер има Србин? Одговорот е страв!
Германскиот репрезентативец, Шкодран Мустафи призна дека се плашел за својата кариера кога како член на Сампдорија, доживеал да биде тренира од Синиша Михајловиќ.
– Се исплашив. Јас сум Албанец, а тој Србин – изјавил Мустафи, но потоа додал дека покасно Михајловиќ станал негов добар пријател.
– Покрај него созревав како играч. Од сите тренери кои ги имав, тој дојде во вистински момент. Секогаш отворен за разговор, особено да ги нагласи лошите страни. Така го заслужив и повикот во репрезентацијата на Германија.