(ВИДЕО) АКО ЈА РЕШИТЕ ОВАА МИСТЕРИЈА ЌЕ ДОБИЕТЕ 3.000 ЕВРА: Бизнисмен нуди награда – еве што се бара

Бизнисменот и филантроп Дик Смит нуди награда од 5.000 австралиски долари или околу 3.100 евра за секој кој ќе ја реши една од најголемите мистерии во Австралија.

Дваесет години откако за прв пат од пилот беше забележан “Човекот од Мари” – мистериозен геоглиф направен во пустина во Австралија. Неговото потекло и луѓето кои го направиле сеуште не се познати.

Уметничката творба долга околу 4 километри е направена во пустината на северот од Јужна Австралија, југоисточно од езерото Ејер. Познат е како најголемиот геоглиф во светот.

Луѓто долго барале објаснување за ова дело, но ништо.

За прв пат е забележано во 1998 година, па и покрај бројните обиди да се утврди кој го создал нема резултати.

Филантропот Дик Смит одлучил да понуди парична награда на оној кој ќе го открие потеклото на геоглифот.

Смит верува дека ова уметничко дело го црпи својот дизајн од древната статуа на Зевс.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.