Претседателот на САД, Доналд Tpaмп изјави и наложил на неговата администрација да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација поради начинот на кој тие реагирале на пандемиjaта, пренесува WA. Tpaмп на конференцијата за новинарите во Белата куќа рече дека СЗО не ја заврши својата должност и дека мора да одговараат.
Тој додаде дека СЗО и промовирале “дезинформациите од Кина за вирусот” што, како што наведе, веројатно довело до зголемување на епидемиjaта.
САД најмногу придонесува за функционирањето на СЗО, односно се издвоиле повеќе од 400 милиони долари во 2019 година, што е 15% од буџетот на СЗО.