Богатството на американските милијардери, меѓу кои се и најбогатиот човек во светот, основачот на Амазон, Џеф Безос и директорот на Тесла, Илон Маск, се зголеми за речиси 10 проценти, се наведува во исвештајот на Институтот за политички студии (ИПС) во Вашингтон.
Во периодот меѓу 1 јануари и 10 април, богатството на 34 најбогати личности во САД порасна за 10 проценти, се наведува во извештајот.
Проценката на богатството на најбогатите Американци е спроведена кога во оваа држава повеќе од 26 милиони луѓе се пријавија за надохнада за невработени.