Оваа сабота ќе гледаме ново супер издание на Еден на Еден. Гости кај Жаре ќе бидат едни од најдобрите македонски музички амбасадори во светот – Дуке Бојаџиев и Каролина Гочева, кои ќе го промовираат концертот “Дуке и пријателите”.
Според најавата, покрај вообичаеното зезање од Жаре и неговиот монолог, ќе добиеме и многу интересни приказни од животот и кариерата на Дуке и Каролина, а богами ќе има и пеење.
Ја гледаме новата Еден на Еден оваа сабота на Телма во 19:15ч.