(Видео) Cиндикалниот лидep откpива: Цapoвcка викна алфи мене да ме yaпcaт

Утрово лидерот на синдикалците, Благоја Ралповски гостуваше во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер. Тој зборуваше за синдикалците, нивните права и преговорите со Владата.

– Претходната министерка за труд и социјална политика политика викна алфи да ме уапсат затоа што имаше сомнеж дека јас сум ја снимал. Недозволиво е така да се однесуваат со синдикалните лидери, вели Ралповски за Радио Лидер.

Тој кажува дека меѓународните организации се запознаени за лошата улога синдикатите во Македонија.

– Во негативните извештаи од ЕУ има улога ова што се случува со синдикатите, потенцира Ралповски.

Тој ексклузивно додава дека освен тоа што е запознаена ЕУ, запознаен е и меѓународниот центар „Солидарити“ од Америка кој се очекува да ги посети до крајот на овој месец.

Тој вели дека два пати добил отказ, а тоа е недозволиво и тоа е кривично дело.

Заврши со тоа што кажа дека бара да бидат заштитени со закон додека се на работа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.