(ВИДЕО) 15 години од разделбата со Миодраг Петровиќ: “Антологиска сцена на познатиот Чкаља, која никогаш нема да биде заборавена”

На денешен ден, 20 октомври 2003 година во Белград почина познатиот српски актер Миодраг Петровиќ – Чкаља. Остана запаметен по својата најпозната улога “Јарич Т. Живадин – Јаре”, во култниот филм “Камионџии”.

Сцената во која Јаре е принуден да се дошколува, секако е една од најлегендарните сцени на српската кинематографија, која и ден денес се прераскажува и имитира.

Ниту историја, ниту музичко, ниту еден предмет не му “одеше” на Јаре, но низ вечерното школо се провлече со досетливост и хумор.

Не постои човек од овие простори кој не ги познава “камионџиите”. Исто така, ретки се оние кои не ја знаат оваа сцена:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.