Кога ќе се спомне базен првата асоцијација е топло сонце, лежалка и ладна пијачка. Но, не секогаш е потребно сонце и топло време. Денеска има голем број атрактивни базени и спортски центри на затворено, па дури и такви кои можат да соберат неколку илјади луѓе.
Ова се најатрактивните базени ширум светот, дел од нив се наоѓаат на височина во луксузни хотели, дел покрај океан и море, а дел се затворени, па посетителите можат да уживаат во секое годишно време.
Затворен базен беше ветен и во програмата на актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски.
Засега од реализацијата на ова ветување нема ништо, па останува да видеме во иднина дали проектот ќе мрдне од мртва точка.